Новиот живот на Малком: Нема да си одам, сакам да станам стартер во Барселона

Зимскиот преоден рок се уште не е ни започнат, а на Малком веќе му беше отворена вратата за заминување од Барселона, иако кај Каталонците пристигна летоска за 41.000.000 евра од Бордо.

Сепак, Бразилецот ја дочека и ја зграби својата шанса на синоќешниот натпревар со Интер, со што се обиде на сите да им покаже дека местото му е на „Камп Ноу“.

„Мојот сон почнува, нојот сон е да креирам историја и да направам големи работи. Сакам да и се заблагодарам на екипата која веруваше во мене. Сакам да играм повеќе, секој ден тренирам и се обидувам да покажам дека поседувам квалитет за овој тим. Ништо не било лесно во мојот живот“, изјави Малком.

Бразилецот влезе во 81. минута на местото на Дембеле, а две минути подоцна ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ. Потоа проработеа емоциите кај бразилскиот фудбалер.

„Не си одам од Барселона, мојот сон е да станам стартер во овој тим“, порача Малком.

Офанзивниот фудбалер на Барселона го забележа само четвртиот настап во дресот на каталонскиот гигант и го постигна првиот погодок, кој конечно би можел да го натера Ернесто Валверде значително повеќе да го користи во преостанатиот дел од сезоната.

You May Also Like