Новини во законот за возила! Субвенции за нов автомобил.., поврат на средства за плински уреди…

До три илјади евра граѓаните ќе може да добијат субвенции од државата при купување на ново патничко моторно возило, но само по принципот „старо за ново“. А поврат на средства ќе се вршат и за вградување на плински уред во автомобилите и тоа до 50 отсто од сумата која ја потрошиле граѓаните, но не повеќе од 300 евра. Ова се дел од измените на Законот за возила. Не беше кажано од кога ќе стартуваат овие мерки, но ако има пари од ребалансот, ќе стартуваат оваа есен, а ако не, од другата година.

„Првата мерка е мерка за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на алтернатвно гориво на постоечките возила. Со оваа мерка ќе се субвенционираат над 1.200 граѓани. Втората мерка е мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старото возило“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во новиот Закон за возила предвидено е и воведување на жолти таблички за таксистите. На тој начин ќе се избегнат несовесните таксисти, оние кои работат на црно, а со тоа ќе се зголеми сигурноста и безбедноста на корисниците на такси превозот, велат надлежните. Дополнително, измените предвидуваат и еколошки мерки. Посебни служби ќе определуваат кој автомобил каква налепница ќе добие, во зависност од еко стандардите кои ги поседува.

Налепниците ќе се издаваат во општините, ќе бидат жолти, црвени или зелени. Министерот вели дека налепниците  не се задолжителни. Но, доколку во деновите кога е енормно загадувањето на воздухот, а властите воведат сообраќаен режим, а на возилото нема никаква налепница, тој автомобил мора да остане паркиран. Во спротивно следува парична казна која допрва ќе се определува.

Please follow and like us:

You May Also Like