Нова рунда притисок на САД врз Приштина, ќе попушти ли Харадинај?

Американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет треба денес да се сретне со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, а темата на состанокот е укинување на царините против Србија.

Коснет и Харадинај средбата ќе ја одржат во кабинетот на претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи, пишува приштински Зери и потсетува дека САД инсистираат царините на стоката од Србија и БиХ да се укинат.

Весељи, кој повеќе пати досега изјави дека бил иницијаторот на воведувањето на мерката против Србија, подоцна го смени ставот и побара Харадинај привремено да ги суспендира царините поради меѓународниот притисок и особено поради барањата на САД, што би отворило можност за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина, кој е блокиран од ноември минатата година.

Зери потсетува дека Харадинај вчера не сакаше да коментира дали царините ќе бидат укинати, како што бараат САД и ЕУ. „Снегот некогаш ќе се стопи“, кажа Харадинај на новинарското прашање за состанокот со Коснет и разговорот за царините.

Од друга страна косовскиот претседател Хашим Тачи повика на повлекување на владината мерка за царините бидејќи, како што кажа, тоа влијае врз односите на Косово со САД.

Во меѓувреме, опозициските пратеници изразија уверување дека стоотстотните царини ќе бидат укинати, по барањата на САД, додека аналитичарите проценуваат дека косовските институции ќе се „предадат“ соочени со американскиот притисок.

Тие, меѓутоа, сметаат дека тоа не треба да се случи сѐ додека не биде сосема јасно каква корист ќе има Приштина од тој компромис. „Односите со САД се поважни од кој било интерес и секој кој ги нарушува американските инвестиции на Косово природно ја нема граѓанската поддршка. Ако некој на Косово очекува Србија да му помогне на Косово да излезе од оваа рамка, важно е ние да не згрешиме и да бидеме единствени“, кажа Тачи на прес конференција.

Please follow and like us:

You May Also Like