Нова Каледонија гласаше против независност од Франција

Повеќето од гласачите се изјасниле со против на референдумот за независност на Нова Каледонија од Франција. Според прелиминарните резултати, повеќе од 80 проценти гласачите биле против, а излезноста изнесува речиси 57 проценти.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека жителите на Нова Каледонија избрале да останат Французи. Според него, тие гласале со доверба во Франција за нејзината иднина и вредности. Островите кои ја сочинуваат Нова Каледонија се наоѓаат во Јужниот Пацифик.

You May Also Like