Новата грчка влада нагласено проевропска

Новата грчка влада, на чело со Киријакос Мицотакис, денеска започнува со работа. Во надворешната и европска политика таа ќе полага на континуитет, меѓу другото и во однос на Договорот од Преспа, сметаат аналитичари.

Киријакос Мицотакис во предизбораната кампања вети „помалку даноци, повеќе инвестиции“. Најдоцна до август, новиот премиер од конзервативната Нова Демократија сака да испорача резултат и поднесе нов закон за оданочување пред парламентот. Неговите приврзеници веќе се радуваат на намалување на даноците. Дали властодржците во Атина повторно се во дарувачко расположение – како и тогаш, пред должничката криза? „Секако не“, смета конзервативниот европратеник Јоргос Кирцос. Непријатни изненадувања се последно нешто што треба да се очекува од Мицотакис, уверува тој. Новиот премиер сака прво да ги намали трошоците на владата, па дури во вториот чекор да ги разгледа можностите за добродетелство, вели Кирцос за ДВ.

Грција во август 2018 година беше ослободена од стегите на програмата за спасување на меѓународните кредитори, но и натаму останува на краток поводник. „Построг надзор“, гласи концептот. Со други зборови, дури и ако не течат нови кредити, јавните финансии на Грција на секои три месеци се разгледуваат од страна на Европската комисија. Со тоа треба да се осигура дека ветените реформи се спроведуваат. Подетално за темата ќе биде разговарано на средбата помеѓу шефот на фондот за спас на еврото (ЕСМ) Клаус Реглинг и новиот грчки премиер наредната недела во Атина.

Please follow and like us:

You May Also Like