Новата авиокомпанија „Флај Босниа“ наскоро ќе почне со летови до Ријад

Авионот „Ербас А319“ на новата авиокомпанија на Босна и Херцеговина „Флај Босниа“ по пробниот лет во Бугарија денеска слета на Меѓународниот аеродром Сараево, од каде што ќе почне со летови прво до Ријад, Саудиска Арабија, а подоцна и кон европските градови.

Авионот кој е набавен од бугарската компанија „Балкан Холидеј Ер“ има 156 места.

„Сигурен сум дека по анализите кои компанијата ги направи, цените ќе бидат на примерно ниво. Желба на компанијата е да има полни авиони, да се зголемува бројот на патници и на тој начин да се придонесе на бројот на патници на аеродромот во Сараево“, рекол директорот на аеродромот Армин Кајмановиќ.

Иако првиот лет на релација Сараево-Ријад беше најавен за 10 јуни, летот не беше реализиран поради одолговлекување на процесот за добивање дозвола за комерцијални летови, пренесува агенцијата „Онаса“.

Please follow and like us:

You May Also Like