ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Ни за плата од 30 илјади денари никој не сака да биде касап

Pula: Mesari od danas prodaju meso po sniženim cijenama 02.01.2019., Pula - Mesari od danas prodaju meso po snizenim cijenama. Photo: Dusko Marusic/PIXSELL

Во месната индустрија има потреба од касапи за кој почетна плата е 30 илади денари, но нив ги нема. Дефицит има и за заварувачи, бравари, машинобравари, текстилни работници, а е зголемен број на ученици има во медицинските, економските и правните училишта. Од Стопанската комора апелираат дека уписната политика е погрешна и не ги следи потребите на пазарот и барањата на индустријата. Освен тоа, посебен проблем е што во комисијата која го составува конкурсот за потребите на кадри на локално ниво нема претставник од бизнис секторот.

Наташа Јаневска од Стопанската комора вели дека и во оваа учебна година 24 отсто од учениците се запишале во здравствената струка, 22 отсто во економската, трговска и правна струка, во секторот градежништво се запишале 8,1 отсто од вкупниот број на ученици, 4,5 отсто во угостителство и туризам, 3 отсто во земјоделство и само еден отсто во прехранбената струка.

-Овие бројки не соодветствуваат со реалните потреби, односно уписната политика не е соодветна на потребите на бизнис секторот. Процесот на подготовка на конкурсот во средните училишта има определена процедура со која се бараат анализи од општините за потребите на квалификации на локално ниво, а комисија составена специјално за таа намана го изработува конкурсот за упис на ученици во средните училишта. Составот на комисиите е различен, но претежно преовладуваат претставници од МОН, ДПИ и ЗЕЛС, но немаме ниту еден претставник од бизнис заедницата кој може директно да ги искаже своите барања и да се направи правилча уписна политика според потребите на бизнис заедницата, вели Јаневска.

Од Комората велат дека конкурсите за уписи во средните училишта секоја година се исти, постојано се повторуваат, се зголемуваат гиманизиските паралелки на сметка на стручните кои се јадрото за економски стабилно општество.

Според Јаневска, преквалификацијата е еднократно решение, потребни се коренити промени кој долгорочно ќе го решат проблемот

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.