ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

НЕВЛАДИНАТА „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“ БАРА ДА СЕ ИСТРАЖАТ НОВОДИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИЈА СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Институциите веднаш да реагираат на пријавите на работниците за изигрување на законот за исплата на минимална плата. По првите случаи во Делчево, до организацијата „Гласен текстилец“ стигнати се и нови жалби од работниците, но кои се компаниите и за какви прекршувања се работи ќе се знае кон крајот на месецов.

Од Организацијата на работодавачи сметаат дека растот на минималецот е позитивен за бизнисот, а законот функционира и кај фирмите кои биле принудени да ги покачат платите и кај оние кои ги покачуваат како мотив за работниците.

Од Владата велат дека по низа турбулетни години ова е период на стабилизација на текстилната индустрија. Најавуваат нов раст на минималната плата, но само кога бизнисот ќе биде во кондиција да ја издржи. Од буџетот како подршка на над 200 компании се исплатени 35 милиони евра.

Она на што се надеваат работниците и работодавачите е донесувањето на новиот Закон за работни односи што треба да ги намали злоупотребите и изигрувањето на работничките права.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.