На Минхенската безбедносна конференција, Заев и Ципрас ќе добијат награда

За време на Минхенската безбедносна конференција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе ја добијат наградата „Ewald von Kleist” за Договорот од Преспа, објави утрово претседателот на конференцијата, Волфганг Ишнигер, на неговиот официјален Твитер профил.

Причина за славење: Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја добијат наградата „Ewald von Kleist“ за 2019 (во чест на основачот на Минхенската безбедносна конференција), во сабота, за време на конференцијата, напиша Ишингер на Твитер.

Претходно Ишингер изјави дека Грција и Северна Македонија постигнаа историско достигнување.

Please follow and like us:

You May Also Like