Најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија, 42 жртви

Најмалку 42 лица го загубија животот во пожарите во Калифорнија, покажува новиот биланс кој утрово го соопштија службите во Америка, додавајќи дека станива збор за шумски пожар со најголем број на жртви во историјата на САД, пренесува Слободна Европа.

Уште 200 лица се водат за исчезнати а потрагата за нив се одвива отежнато.

Во некои делови штетата е толку голема што тешко е да се утврди дали има човечки жртви.

Пожарот уништил повеќе од 45.000 хектари и околу 6.453 згради.

Please follow and like us:

You May Also Like