Наследничката на Меркел, доби свој наследник

33-годишниот Паул Цимјак е нов генерален секретар на владејачката партија ЦДУ.Тој на функцијата ја заменува новоизбраната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер и важи за кандидат по нејзина желба.

Новата лидерка на германската владеачка Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер, именуваше денеска еден млад конзервативец на важна партиска функција, за да ја зацврсти својата положба и во обид да се смири со ривалите.

Крамп-Каренбауер (56) е блиска соработничка и сојузничка на Ангела Меркел, со кој дели центристички ставови. На партиските избори го победи некогашниот ривал на Меркел, Фридрих Мерц, кој се залага за поодлучно раскинување на политиката на канцеларката. Министерот за здравство, Јенс Шпан, испадна во првиот круг на гласањето.

Новата лидерка како знак дека сака да избегне подлабоки поделби во партијата и на конзервативците и на помладите членови да им даде посилен глас за генерален секретар на партијата го предложи 33-годишниот Паул Цимјак, шеф на партиското младинско крило.

Please follow and like us:

You May Also Like