Насилно преземање на власта само преку нашите мртви тела, се огласи министерот за одбрана на Венецуела

Војниците на Венецуела остануваат распоредени на границите за да го спречат кршењето на територијалниот суверенитет, рече венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино, во пресрет на доставувањето хуманитарната помош што за сабота ја најави опозицијата во земјата.

Претседателот Николас Мадуро одбива прием на хуманитарната пратка обвинувајќи дека со таквите чекори опозицискиот лидер, Хуан Гуаидо, со помош на САД, сака насилно да го симне од власта.

Опозицискиот лидер и претседател на Собранието во Венцуела, Гуаидо, се самопрогласи за привремен претседател на државата ветувајќи ѝ амнестија на војската ако го напушти претседателот Мадуро, но тоа досега го направија само неколку високи функционери.

Во понеделникот претседателот на САД, Доналд Трамп, ги предупреди венецуелските воени офицери дека ги доведуваат во опасност своите животи и иднината ако не се приклучат кон Гуаидо.

Таквите закани министерот за одбрана, Падрино, ги оцени како неприфатливи, додавајќи дека опозицијата ќе мора да гази „преку мртви тела“ ако сака да наметне нова власт во земјата.

„Тие никогаш нема да прифатат наредби од која било странска влада. Ќе останат распоредени и будни на границите, како што нареди нашиот врховен командант. Тие кои ќе се обидат да станат претседател на Венецуела, ќе мора да поминат преку нашите мртви тела“, изјавил Падрино, алудирајќи на Гуаидо.

Please follow and like us:

You May Also Like