НАПАЃАЧ ИЗБОДЕ ДО СМРТ ЧЕТВОРИЦА ВО КАЛИФОРНИЈА

Маж смртно прободе четири лица во близина на продавницата „7-11“ во јужна Калифорнија, пред да биде уапсен од полицијата, соопштија властите.

Покрај убиените лица, напаѓачот ранил уште две лица во Гарден гроув и Санта Ана.

Две од убиените лица биле соседи на напаѓачот, третиот работел како обезбедување во продавницата а четвртиот бил гостин во ресторан во близина.

Масакрот почнал во средата попладне кога полицијата добила повик од двајца луѓе дека нивниот стан е ограбен. По дваесет минути стигнал уште еден повика за грабеж во пекара во Гарден гроув. Полицијата подоцна утврдила дека се работи за истиот осомничен.

Полицијата рече дека сè уште нема поврзаност помеѓу осомничениот и жртвите, а мотивот претпоставуваат дека е грабеж.

„Овие криминални дејствија немаат никаква врска со омраза или раса. Осомничениот има шпанско потекло исто како и повеќето од жртвите“, рече шефот на полицијата Карл Витни

Please follow and like us:

You May Also Like