Над илјада летови ќе бидат откажани поради штрајк во германски Луфтханза

Кабинскиот персонал на Луфтханза денеска и утре ќе оддржи штрајк заради што ќе бидат откажани 1.300 летови на германскиот авио-превозник, што ќе погоди 180.000 патници, пренесува агенцијата Ројтерс.

Тоа значи дека ќе биде откажан секој петти од вкупно 6.000 летови на авио-компанијата планирани за денес и утре, односно во деновите за кога е закажан штрајк.

Ова, според компанијата, следува откако судот во Франкфурт дал зелено светло за одржување на штрајк, отфрлувајќи го барањето на авиокомпанијата за забрана на штрајковите.

Please follow and like us:

You May Also Like