ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Навални објави фотографија по будењето од кома: Сам дишам

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој според лабораториски анализи отруен со нервниот агенс „новичок“ во Русија, денеска од Германија објави дека по излегувањето од кома може да дише самостојно.

„Поздрав, тука Навални. Сите ми недостасувате. И натаму тешко можам да направам нешто, но вчера можев самостојно да дишам цел ден. Навистина самостојно, без никаква надворешна помош, дури и без вентил во грлото“, напиша денеска Навални на Инстаграм.

Навални во моментов е на лекување во берлинската болница „Шарите“, каде е изведен од состојбата на медицински предизвиканата кома поради труење во Русија. Веднаш по труењето беше хоспитализиран во болница во рускиот град Омск, а потоа, на 22 август, со специјален лет, беше однесен во болница во Германија. Три независни лаборатории, во Франција, Германија и Шведска, добија резултати според кои Навални е отруен со „новичок“, нервен гас кој бил развиван во советскиот период.

Дел од меѓународната јавност го сврте прстот кон Москва за овој случај со Навални, но Кремљ официјално негираше каква било поврзаност со оваа состојба на Навални.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.