Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“

Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, според исказот, добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа.

Објасни дека кога на чело на Управата за безбедност и контраразознавање бил назначен Владимир Атанасовски, за тоа дознал од Нинџа во септември, кој му кажал, како што наведе „дека тоа е негов човек и може да прави што сака“.

– Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата, раскажува Младеновски.

Вели дека од таму се упатиле кон паркингот позади Цветен пазар.

– Не собра Нинџа во круг. Не извести дека кога тој ќе ни даде насока ќе треба да се упадне. Тој ден ДИК заседаваше, но за приговорите требаше да се одлучи следниот ден. За следниот ден немавме никакви насоки. Потоа со Нинџа се среќавав во кафулето „Дион“ на кеј. На 30 декември кога ДУИ требаше да одлучи дали ќе прави коалиција со ДПМНЕ, бевме во зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Таму бевме јас и мојот брат, Нинџа со неговите луѓе и луѓе од УБК. Информации до нас споделуваше Дејан Димковски-боксер. Кога беше извесно дека ДУИ нема да прави коалиција со ДПМНЕ, ни беше кажано дека претседателот Иванов нема шанса да го даде мандатот и ќе има војна, посочи Младеновски.

Наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.

Рече дека оти ќе се влегува во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.

– На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.

Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.

Посочи дека на 27 април околу 14.00 часот ги викнал во „Дион“ и им кажал дека тоа е денот, а како што посочи Младеновски, Нинџа добил насока од Атаноасовски да ги координира луѓето под партиски здруженија.

Потоа објасни дека било договорено да се купат маски и Младеновски ги набавил.

– Кога се вратив Нинџа кажа дека се јавува по патриотските здруженија, за кои рече: Сега е денот да се покаже дали се само набилдани кретени без муда, рече обвинетиот.

Наведе дека виделе на тел како во Собранието се пее албанската химна, меѓу 60-мината присутни се создала нервоза. По некое време Кољо им кажал дека Нинџа дал наредба да тргнат на протестите.

– На Кољо му се јавија, ни кажа да ставиме маски и дека ќе се влегува во Собрание.

Раскажа дека влегле во Собранието. Муковски и Трчуловски ги повикувале луѓето кон пленарната сала. Потоа се создала гужва пред кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

– Кога стигнав пред прес-салата видов лице со вперен пиштол пред вратата, јас ги кренав рацете, се повлеков и се симнав накај пленарната сала, истакна Младеновски, кој кажа дека претходно Кољо им рекол на новинарите да не снимаат.

Наведе дека настано мешаница откако лицето го извадило пиштолот. Рече дека, подоцна дознал дека тој бил обезбедување на Спасовски. Видел дека тоа лице има картичка на која пишува Оливер Поповски. Тој им рекол дека Поповски му ја дал картичката да се легитимира, и како што наведе „дека тој е наш“.

– Пробивме во прес-салата. Имаше туркање зад нас и навлегов два-три метри и зад бироата ги забележав пратениците на СДСМ. Во истиот момент знаев дека некој ме наместил. Се завртев и си заминав. Не останав ниту две секунди и не направив никакво дејство. Се најдов со брат ми во пленарната сала и заминавме накај салата „Длаборез“, рече Младеновски.

Потоа во Жена парк се сретнале со брат му со Нинџа и со Кољо. Дошол и Игор Југ. По кратко време сите лица од „Дион“ биле таму.

Наведе дека Дејан Домовски-Боксер од УБК им кажал дека претседателот Иванов ќе прогласи воена состојба.

Било кажано дека група Албанци ќе пристигне и дека се вооружени. Тоа не се случило и заминале во „Дион“.

You May Also Like