Мијалков побара укинување на казната: Верувам во судскиот интегритет

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на денешното рочиште на „Титаник 2“ побара укинување на затворската од три години, затоа што според него, таа била изречена по само неколку прислушкувани разговори.

„Јас верувам дека ќе донесете правична одлука, бидејќи верувам во вашиот судски интегритет. Моите бранители ги опфатија сите аспекти од формален карактер и ги изнесоа сита наводи со кои не се согласуваме, а се наведени во пресудата“, истакна Мијалков.

Please follow and like us:

You May Also Like