Мицотакис положи заклетва, следува претставување на членовите на новиот кабинет

Лидерот на Нова демократија и нов премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис денеска положи свечена заклетва во претседателската палата по победата на неговата партија на парламентарните избори.

Како што пренесува „Катимерини“, во 14:30 часот по локално време, во вилата Максимос, Мицотакис ќе се сретне со премиерот во заминување, Алексис Ципрас, при што ќе се одржи церемонијалното примопредавање на функцијата.

Подоцна во текот на попладнево, се очекува новиот премиер да ги претстави членовите на неговиот владин кабинет.

Please follow and like us:

You May Also Like