ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Зголемувањето на јавниот долг не е оправдано

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку соопштение денеска истакнува дека за само три месеци владата на СДСМ го зголемила јавниот долг за една милијарда евра.

„За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра. Согласно податоците од министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп“, посочува мицкоски.

Заклучно со вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг 50,7 проценти, соопшти вчера министерството за финансии.

Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал, како што посочуваат оттаму, се должи на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од ММФ земен со цел да се обезбеди ликвидноста во време на ковид-19 кризата како и за обезбедување средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на коронакризата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.