ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски до ДУИ: На Македонците им е преку глава да бидат граѓани од втор ред

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, се барања за храбрење на членството на ДУИ во сопствените редови.

„Демократската унија за интеграција, изгледа се чувствува прекомфорно и комотна во ова тригодишната коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на којшто функционира со СДСМ, така и со сите останати политички партии. Она што сакам да им го порачам и на нив е да внимаваат како се однесуваат, бидејќи на Македонците и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред. И таков тип на барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност. Според Мицкоски ваквата реторика и начин на однесување не само што не носи добро, туку напротив само ја заострува ситуацијата во држава и дека поминаа времињата кога ДУИ се чувствуваше комотно и романтично во Владата на Република МакедонијаИнаку преку соопштение до јавноста вчера, ДУИ реагираше дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти кога станува збор за влегување на Албанци во врвот на власта и дека порано или подоцна мора да ги прифатат нивните барања за Албанец премиер бидејќи без нив нема да можат да формираат мнозинство.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.