ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Вмровците што ме напаѓаат му се партнери на Заев

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Сител, коментирајќи ги нападите од поранешни сопартијци и функционери, потенцира дека тоа се луѓе што му помагаат на Зоран Заев.

„Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои се најзаслужни што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето коишто практично ја доведоа во ваква состојба, во која во 2017 година ја презедов партијата и повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство“,

Тој смета дека нивните обвинувања се темелат на лични навреди и на голема фрустрација, а тоа според него не наидува на поддршка ниту меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ ниту помеѓу граѓаните.

„Ова е последниот товар од кој се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега, сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев. Па, јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие“,

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.