ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мицкоски: Владата одби да разговара за предлог-уредба поднесена од ВМРО-ДПМНЕ (видео)

Опозицискиот лидер рече дека министерот Чулев предложил уредба со која се предвидува компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, но предлогот не бил ставен воопшто на владина седница

ВМРО- ДПМНЕ доставила предлог-уредба до владата со која, како што објави денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски, ќе се овозможи компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен. Тоа, како што посочи, би значело најмногу до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември 2019 година.

Според предлогот, оваа помош не треба да важи само за април и мај, туку и за март.

„Иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на Влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија. Со тоа Владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра“,

вели Мицкоски.

Според Мицкоски, владата треба да послуша уште неколку совети од ВМРО-ДПМНЕ за надминување на економските последици од кризата со коронавирусот:

  • Првата е средствата што работодавачите ги уплаќаат во вториот задолжителен пензиски фонд, почнувајќи од први април да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. И на тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите и ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. А, потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд.
  • Втората е благајничките записи што се стерилизирани во Народната банка, под итно дел од нив, ако не и сите да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. На тој начин ќе се овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство.
  • Трето – интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции. Против економска криза да се бориме со многу работа.
  • Четвртата работа е веднаш да се отвори дискусија и дебата со  претходните заемодаватели и комерцијални банки што веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и Министерството за финансии, да направат репрограмирање, така што тоа што треба да го вратиме оваа година да го вратиме следната или годината потоа.
Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.