ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Мирно лето за Гордана Јанкулоска

Врховниот суд и’ овозможи слободно лето на поранешната министерка за внатрешни работи. Не се знае кога и дали ќе зпочне издржувањето на казната, бидејќи судот треба да ја преиспитува пресудата по нејзината жалба. 

Поранашната минисерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска нема да оди во затвор на први јули, откако Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Проценката на судот е дека таа од следниот понеделник ќе остане дома се додека судот не донесе одлука за вонредно преиспитување на пресудата.

На Јанкулосска и се суди во повеќе случаи.  Таа е обвинета и во „Титаник“ и „Таргет-Тврдина“ коишто судења се тековни. Беше судена во случајот „Тенк“ за  набавката на мерцедесот на Никола Груевски, за што доби шест години затвор кои подоцна повисоките судови и’ ја намалија на 4 години по нејзина жалба.

Во сите случаи,со неа, на обвинителната клупа седеа и Никола Груевски и Сашо Мијалков, поранешниот премиер и поранешниот шеф на УБК. Тројцата беа дел од тесното партиско раководство. Груевски избега во Унгарија каде што доби азил, додека Мијалков од поодамна е надвор од притвор.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.