ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Милошоски со нов тајно сниман разговор на лидерот на СДСМ, Заев вели ВМРО ДПМНЕ се закопа

Антонио Милошоски излезе со нов тајно сниман разговор во кој се слуша само лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тврди дека тоа е доказ дека Заев се мешал во одлуки на судската власт. Се споменуваат имињата на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, но и на поранешниот претседател на врховниот суд Јово Вангеловски.

Заев пак му одговори, дека со пуштањето на разговорот ВМРО ДПМНЕ се закопа. Од партијата на Заев тврдат дека најверојатно се работи за дел од разговор кога се воделе преговори за законот за Јавно обвинителство.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.