Милошоски на ФБ: Заев во Давос не се сретнал со Порошенко

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој вчера случајот со руските комичари и разговорите на македонскиот премиер со „Порошенко” и „Столтенберг” го нарече дипломатски скандал на социјалните мрежи пишува дека премиерот Заев не остварил средба со претседателот Порошенко во Давос на економскиот форум во јануари годинава бидејќи нивната средба не била спомената во официјалните владини сооопштенија.

– „Дека премиерот Заев немал средба со украинскиот претседател Порошенко на економскиот Форум во Давос во јануари 2019 година потврдено ми е и од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи. Доколку Заев навистина се беше сретнал со Порошенко во Давос, сигурно и ќе му се пофалел за долгиот телефонски разговор на Whatsapp од пред 6 месеци, ќе дознаел дека тоа е местенка, и барем следните два компромитирачки телефонски разговори немало да се случат“ пишува Милошоски на ФБ.

Премиерот Заев, кој е најновата жртва на руското дуо, вчера кажа дека станува збор за добро организирани структури за ширење влијание на трети страни и дека провокациите доаѓаат од медиуми со антинато ставови. Рече и дека е жртва на сопствената отвореност и постојана достапност, а и самиот потсети дека тоа им се случило на многу други политичари.

Please follow and like us:

You May Also Like