Меј: Се поголем е ризикот да не излеземе од ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј изјавила дека постои јасен избор меѓу излегувањето на Британија од Европската унија со договор и опција во која воопшто нема да дојде до Брегзит, јави весникот „Обзервер“.

Бидејќи парламентот покажа дека ќе го запре излегувањето на Обединетото Кралство без договор, сега имаме јасен избор: да се напушти Европската унија со договор или воопшто да не ја напуштиме“ – изјавила Меј.

„Што подолго се развлекува, поголем е ризикот Обединетото Кралство воопшто да не излезе од ЕУ“ – изјавила таа.

Меј во петокот му пишала на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск барајќи одлагање на Брегзит до 30 јуни, со што би овозможила поедини пратеници да го усвојат договорот за излегување на Британија од ЕУ.

Please follow and like us:

You May Also Like