Меркел ќе го убедува Макрон да не ја блокира Македонија, Заев оптимист- датумот е заслужен

Германската канцеларка Ангела Меркел лично ќе го убедува францускиот Претседател Емануел Макрон да даде зелено светло за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Државната германска агенција ДПА утрешната средба на двајцата лидери ја толкува како последен обид да се убеди официјален Париз дека земјава и соседна Албанија заслужуваат датум за почеток на преговорите.

Како што пишува ДПА, двете земји ги исполниле сите услови и дека евентуална блокада ќе биде горчлива особено за Македонија која го смени уставното име.

Како што јавува ДПА, Франција има план да предложи нова методологија за пристапните преговори со што би можело проширувањето повторно да биде одложено.

Сепак премиерот Заев е оптимист. Вели дека очекува земјава да ги стартува преговорите бидејќи направи се што беше побарано од неа.

Евентуален неуспех во Брисел, според премиерот не треба да биде причина за предвремени избори, иако како што вели, тој е само еден од лидерите на политичката сцена

Разврската за Македонија, почнува во вторник на 15 октомври со министерскиот совет во Луксембург. Тука се мали шансите министрите за надворешни работи да решат за старт на преговорите, па за очекување е одлуката да ја донесат шефовите на држави на Самитот во Брисел во четврток или петок.

Please follow and like us:

You May Also Like