Менаџментот на „НЛБ банка“ се огласи по денешниот грабеж на експозитурата во Бутел

Неколку часа по грабежот на експозитурата на НЛБ банка во Чаир, со соопштение се огласи менаџментот на Банката. Во него се вели:

Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените во банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.

Please follow and like us:

You May Also Like