Макрон – НАТО е во состојба на мозочен удар

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека НАТО е во состојба на мозочен удар. Тој во изјава за британскиот неделник Економист вели дека тоа се должи на помалото американско ангажирање и на однесувањето на Турција. Тој вели дека она што сега се случува е мозочна смрт на НАТО.

Тоа што сега не очекува, вели Макрон, е да се разјасни кои се стратешките цели на НАТО. Тој повторно се заложи за јакнење на европската одбрана.

Според Макрон нема никаква координација во стратешките одлуки на САД со партнерите од НАТО, а тука е и агресијата меѓу двете земји членки САД и Турција, тоа според Макрон е огромен проблем за Aлијансата.

Тој го поставува прашањето што ќе се случи со членот пет од Атлантската повелба, според кој „доколку една земја од Алијансата е нападната, другите треба да се солидаризираат со неа“. Макрон прашува дали ако утре режимот на Башар ал Асад ја нападне Турција, другите членки ќе се ангажираат?

Затоа францускиот претседател смета дека треба да се зајакне одбраната на Европа.

Please follow and like us:

You May Also Like