Македонија одбележува 28 години од независноста

Македонија го празнува Денот на независноста – 28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој мнозинството граѓани донесоа одлука за самостојна и суверена држава.

Централната прослава под мотото “Боите на независноста” годинава владата ја организираше кај Школка во Градскиот парк во Скопје. Граѓаните што дојдоа имаа можност да уживаат во традиционална македонска храна, да учествуваат во спортски активности, да си ја проверат здравствената состојба, како и да се забавуваат со богата културно- уметничка програма.

Пред камерата на Канал 5, дел од присутните кажаа дека денешниот празник е најзначајниот за државноста.

Денот на независноста од Градскиот парк го честиташе и премиерот Зоран Заев, кој откако направила обиколка на штандовите, во обраќањето рече дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Тој порача дека државата преку договорите со соседите напредувала и дека таа е пример за сите останати земји од Балканот, а нејзин стратешки интерес е членството во НАТО и Европската Унија.

На прославата беа присутни и обвинителите од СЈО, Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, но за актуелните теми поврзани со СЈО кажаа дека ќе зборуваат од вторник.

Чествувањето на празникот почна утринава со полагање на свежо цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, а во Собранието традиционално беше доделена и државната награда “8ми септември”.

Please follow and like us:

You May Also Like