Маж со нож упадна во дворот на Амбасадата на Србија во Атина

Маж вооружен со нож, успел да влезе денеска во дворот на Амбасадата на Србија во Атина.

Српскиот амбасадор во Грција, Душан Спасојевиќ, рече дека никој не бил повреденпо упадот.

“Никој од вработените во Амбасадата или членовите на нивните семејства не е повреден, а и напаѓачот не е повреден”, изјави Спасојевиќ за агенциите.

Тој рече дека маж, вооружен со два ножа, утринава пред 9 часот, влегол во зградата на амбасадата и дека сè уште не е познато како тој го сторил тоа. “Претпоставуваме дека тој насила влегол преку металната врата на конзуларниот оддел и потоа исчезнал во зградата на амбасадата”, рече српскиот амбасадор.

Спасојевиќ додаде дека полицијата веднаш реагирала и го поразила напаѓачот три часа по влегувањето во зградата.

Агенцииите известува дека мажот кој влегол во Амбасадата е српски државјанин.

Please follow and like us:

You May Also Like