Луѓето сè повеќе го користат YouTube за да научат нови работи

Ново истражување покажува дека луѓето сè повеќе го користат YouTube за да научат како да прават нови работи.

Според резултатите од истражувањето на Pew Research Center половина од корисниците на YouTube ја користат оваа платформа за да научат да прават нови работи.

За потребите на студијата се испитани 4.594 Американци, 51% од нив рекле дека го користат YouTube за да научат да прават нови работи. Истражувањето се однесува на регистрирани и нерегистрирани корисници.

Како да врзете вратоврска, како да научите да плетете, како да направите одредено јадење се некои од најчестите пребарувања на YouTube. Сепак, едукацијата не е единствената причина за тоа зошто луѓето користат YouTube. Дури 28% од корисниците изјавиле дека така побрзо им минува времето, додека 19% го користат за споредба во текот на купување, а некои и за да дознаат што се случува во светот.

Истражувањето покажало дека YouTube им користи на родителите. Според резултатите, 81% од родителите им дозволуваат на децата да гледаат видеа, додека 34% им дозволуваат редовно да користат YouTube.

You May Also Like