ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Луфтханза“ пријави загуба од 2,1 милијарди евра

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ информира дека во првиот квартал од оваа година има загуба од 2,1 милијарда евра, што се должи на глобалното ограничување на патувањата поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Анадолија.

Според нејзиното соопштение, приходите на компанијата во првиот квартал од 2020 во однос на истиот период минатата година се намалени за 18% и изнесуваат 6,44 милијарди евра.

Нето-загубата на групацијата „Луфтханза“ во првиот квартал од оваа година во споредба со 2019 е зголемена за 514% и изнесува 2,1 милијарда евра. Во истиот период минатата година, „Луфтханза“ објави загуба од 342 милиона евра.

Основната заработка на групацијата во првиот квартал од годината изнесуваше 336 милиони евра, но загубата на компанијата по корекцијата на индексите за пресметувањето на каматата и данокот, споредено со истиот период во 2019 година е зголемена за 263% и изнесува 1,22 милијарди евра.

Во соопштението се вели дека поради кризата настанал пад на вредноста на компанијата, што негативно влијаело врз нето-добивката во првиот квартал.

Карстен Шпор, извршен директор на „Луфтханса“, давајќи проценка за настанатата ситуација и потсетувајќи дека глобалниот авиосообраќај запрел во целост поради пандемијата на Ковид-19, истакна: „Тоа на досега невиден начин влијаеше врз нашиот финансиски резултат во првиот квартал. Потребно е да преземеме сеопфатни мерки за реструктуирање, со цел да се справиме со бавното закрепнување на побарувачката.“

„Луфтханса АГ“ на 31 март објави дека компанијата има ликвидност од 4 милијарди евра.

Од друга страна, надзорниот одбор на „Луфтханса“ на 1 јуни го одобри пакетот за финансиска помош од германската Влада во висина од 9 милијарди евра.

Според пакетот за финансиска помош, планирано е германската Влада да вложи капитал во компанијата, а Германскиот фонд за економска стабилност да стане сопственик на 20 отсто од компанијата. Спасувачкиот пакет ќе им биде претставен на акционерите за одобрување на вонредниот генерален состанок на компанијата што ќе се одржи на 25 јуни.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.