ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лукарeвска си заминува од УЈП

По изборот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушта директорската позиција во Управата за јавни приходи во која беше три години.

Лукаревска стана пратеник како кандидат на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и најавува дека ќе го добие мандатот за состав на влада.

Функцијата на Лукаревска во Управата за јавни приходи ќе ja врши Фарук Имери како вршител на должност директор.

Покрај Лукареска, други избрани функционери од редовите на СДСМ на последните парламентарни иабори за пратеници беа избрани и директорот на Службен весник Мартин Костовски, Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николоска од Државниот управен инспекторат, и Боби Мојсоски од затворот „Идризово“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.