ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за пакетот економска помош

Лидерите на Европската унија постигнаа договор рано во вторникот за буџетот вреден 2,1 трилион американски долари и пакетот за економска помош поради кризата предизвикана од коронавирусот. Конечниот договор вклучува компромис од 446 милијарди американски долари грантови.


Договорот вклучува 857 милијарди американски долари економска помош поради коронавирусот, кои ќе бидат распределени како заеми и грантови за најтешко погодените држави.

Договорот е постигнат откако преговорите се растегнаа на четири дена и ноќи, што е подолго од очекуваното.

Преговорите течеа во знакот на поделбата помеѓу групата од пет побогати држави од северот, вклучувајќи ги и Холандија и Австрија, која се залагаше за намалување на првичниот предлог од 572 милијарди американски долари во вид на грантови, заедно со построги контроли на трошење, додека други, како Шпанија и Италија се обидоа да ги задржат ваквите ограничувања на минимум.

Конечниот договор вклучува компромис од 446 милијарди американски долари грантови.

Европскиот парламент сепак мора да го одобри договорот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.