ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Либанската влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут

„Целата влада поднесе оставка“, изјави министерот Хамад Хасан во обраќање пред новинарите по денешниот состанок на владата. Тој рече дека премиерот на Либан Хасан Даиб во претседателската палата ќе ја предаде официјалната оставка на владата, јавува новинската агенција Асошиејтед Прес (АП).

Претходно беше најавено дека се очекува либанската влада да поднесе оставка во понеделник на 10 август, како што за Си-Ен-Ен изјавија два владини извори, на помалку од седум дена по големата експлозија која се случи во Бејрут во која загинаа повеќе од 160 луѓе. Експлозијата предизвика и насилни протести.

Пристаништето во Бејрут пред и по експлозиите

Висок министерски извор за Си-Ен-Ен изјавил дека верува оти владата ќе биде ставена под статус вршител на должноста до понеделник вечер. Тројца министри претходно ги напуштија своите кабинети, заедно со седум членови на парламентот.

Либан минува низ најлошата економска криза во последните децении, која беше влошена со избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, а владата беше под удар на обвинувања за корупција и лошо управување.

Експлозијата, која се случи во вторникот на 4 август и предизвика штети во поголем дел на Бејрут, се поврзува со долго занемарувано складиште со потенцијално експлозивни хемикалии, предизвика дополнително незадоволство кај населението на главниот либански град.

Премиерот Хасан Диаб дојде на власт минатиот декември, два месеца откако во немири беше соборена претходната влада.

Владата на Диаб е составена од технократи кои имаат поддршка од големите политички партии, вклучително иранската политичка и милитантна група Хезболах.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.