Криминалите на Груевски и Јанакиески нанесоа огромни штети, тие мислеа само на провизии, сега промашените проекти се санирани, заштедени се милиони евра

Ало Миле ми текна и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот.
Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба. Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.
Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра.
Останува надлежните правосудни органи да одлучат за одговороноста.
Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ги сокријат штетите врз Буџетoт создадени од криминалното владеење на Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.

You May Also Like