Косовската влада не планира да ги укине давачките за производи од Србија и БиХ

Косовската влада соопшти дека не планира да ја повлече одлуката за воведувањето такси од 10 проценти за увоз на стока од Србија и Босна и Херцеговина.

Портпаролката на владата, Доњета Гаши, рече дека косовската влада е овластена да носи вакви одлуки и дека слични одлуки донеле и други земји членки на ЦЕФТА.

Косовската царинска служба од денеска почна да ја применува одлуката.

Претходно Европската Унија побара од Косово да ја отповика мерката, а Србија најави прекин на преговорите за стабилизирање на односите со Приштина додека не се укинат новите давачки.

You May Also Like