Комисијата предлага одземање на мандатот на Груевски – власта нема 80 гласа за тоа

Комисијата препорачува, но Собранието нема да собере двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Никола Груевски. Петмина пратеници од вкупно девет заклучија дека Груевски не е достоен да биде пратеник откако е правосилно осуден на две години затвор.

„Како пратеник во Собранието барам од комисијата за манднатно имунитетни прашања да донесе одлука за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.“ – изјави Александар Кирацовски.

„Комисијата со мнозинство гласови заклучи до Собранието да поднесе извештај со предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевскиврз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1, Скопје.“ – изјави Павле Богоевски.

Опозицијата најави дека ќе гласа против одземање на мандатот и ја напушти комисиската расправа. Трајко Вељаноски констатираше дека на сопартиецот Груевски му се врши притисок и политички прогон.

„Тоа се политиките на оваа власт, политиките со кои се гази македонскиот народ и стремежот преточен во прембулата на уставот. Затоа пратениците од пратеничката груп на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подобра Македонија ќе биде против одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. “ – изјави Трајко Вељаноски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако опозицијата ја напушти Комисијата, внатре влезе новоформираната  пратеничка група сега веќе исклучени од ВМРО-ДПМНЕ. И тие нема да  гласаат за одземање на мандатот на Груевски, но во образложението не ја анализираа кривичата одговорност на некогашниот сопартиец. Одлуката ја донеле во име на помирувањето.

„Во контект на вчерашното формирање на тоа коопрдинативно тело сметаме дека како група на незвисни поратеници дека денешната одлука е малку избрзана, нашиот став е против, иако немаме право на гласање,“ – изјаи Сашо Василевски.

Мандатот на Груевски траба да дојде и на дневен ред на пленарна седница. Но, независно од исходот, тоа не го спречува одењето во затвор. За тоа треба да одлучи Кривичниот совет, кој чека да се комплетираат сите жалби. Од скопска единица потврдија дека стигнале 4 жалби  од адвокатите. Се чека и Груевски лично да поднесе жалба за да му се одложи затворот. Поканата гласеше за утре, 8ми ноември сам да се пријави во затворот во Шуто Оризари. Но, овој рок се пробива поради жалбените рокови. Груевски и денеска се воздржа од коментар.

Доколку Груевски го чека последниот рок за поднесување жалба и ја поднесе по пошта, таа би стигнала во петок. Од судот велат можно е уште веднаш Кривичниот совет да одлучва, дали ќе го прати екс премиеротзад решетки или ќе ја одложи затворската казна со нов рок.

You May Also Like