Колапс на системот на Комерцијална банка, најмногу поплаки за немањето увид во сметката

Комерцијална Банка вече втор ден ги надминува проблемите со колапсот на системот со платежните картички и терминалите, по што загрижените граѓани и натаму реагираат дека не можат да си ги извршат секојдневните обврски, односно да подигнат плата или да платат сметка. Клиентите најмногу реагираат на нефункционирањето на електронското банкарство и увидот на сметките, штедни влогови или картичките преку мобилната апликација. Има и реакции на загрижени граѓани за безбедноста на сметките, но од страна на банката смируваат дека сметките се целосно безбедни.

Последното соопштение од оваа банка е клиентите да не потпаѓаат под влијание, како што велат од таму, на лажните вести кои се шират на социјалните мрежи и дека пари стигнуваат на денарските готовински сметки за физички и правни лица.
„Ве известуваме дека преку мрежата на филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје може да се вршат готовински трансакции за правни и физички лица. Исто така, потсетуваме дека сите банкомати на Банката се во функција, а со картичките на Банката може да се вршат и трансакции во трговија во земјата и во странство.
Со почит, Комерцијална банка“, соопштуваат од таму.

Поради технички проблем не беа достапни сервисите така што со картичките издадени од Банката не можеше да се вршат трансакции на сите банкомати на банката и во трговија во земјата и во странство.

Од Народна банка, која го контролира работењето на приватните кредитори, до објавата на оваа вест не одговорија на нашите прашања како може ова да се случи, зошто банката нема заштита и кои се ризиците.

Please follow and like us:

You May Also Like