Кинезите ја основаа најголемата бродоградбена компанија во светот

Кина официјално ја основа бродоградбената компанија China Shipbuilding Group, која државната радио-телевизија China Central Television (CCTV) ја прогласи за најголема во светот.

Основањето на компанијата се базира на обединување две водечки кинески бродоградилишта, China State Shipbuilding Corp. и China Shipbuilding Industry Co, според „Ројтерс“.

China Shipbuilding Group се состои од 147 истражувачки институти, деловни оддели и компании што имаат акции на берзата. Има средства во вредност од 790 милијарди јуани (112 милијарди американски долари) и вработува 310.000 работници, според CCTV.

Главните кинески конкуренти во бродоградба се Јужна Кореја и Јапонија.

Please follow and like us:

You May Also Like