ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Кина нареди затворање на Конзулатот на САД во Ченгду

Ваквиот потег е реакција по одлуката на САД за затворање на Кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас ВАШИНГТОН — 

Кина нареди да се затвори Конзулатот на САД во Ченгду, како реакција на одлуката за затворање на Кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас.

Во кинеските медиуми, како и на Твитер, има повици за поголема реакција од Пекинг, барајќи да се затвори и Конзулатот на САД во Хонгконг, откако претседателот Доналд Трамп најави дека ќе затвори повеќе дипломатски претставништва на Кина.

Аналитичари за Гласот на Америка, изјавија дека односите меѓу САД и Кина можат да дојдат до најлошо ниво, ако се случи ескалација на реципрочните затворања.

САД во средата наредија да се затвори Кинескиот конзулат во Хјустон, со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и приватните податоци.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.