Киднапер на автобус во Љубљана почина по апсењето

48 годишен маж кој изминатата ноќ киднапираше градски автобус во центарот на Љубљана, почина веднаш по апсењето од страна на полицијата, известуваат словенечките медиуми.

Киднаперот со шрафцигер го принуди возачот да ја смени трасата на движење и му се заканил дека ќе го убие.

Возачот останал смиреен и намерно поминал на црвено светло на семафор за да ја алармира полицијата.

Патниците се повлекле во задниот дел на автобусот и еден од нив исто така повикал полиција.

Киднаперот починал во полициска станица кога му се слошило во текот на распрашување. Мотивите за киднапирањето не се до крај јасни.

Центарот на Љубљана беше затворен неколку часа за сообраќај.

Please follow and like us:

You May Also Like