Кацарска до Поповски: Сопругата да не ургира преку мои пријатели за пресудата

Денеска во Кривичниот суд во Скопје одново почна судењето за случајот „Триста” на СЈО против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Инаку тој е поврзан со  злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Обвинетиот Ѓоко Поповски, беше осуден на девет години затвор а на денешното рочиште Поповски изјави дека не е виновен за делото за кое се товари.

Инаку судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна поради злоупотреба на службената должност односно за набавката на 300 возила за потребите на министерството а денес таа на судењето остро му се обрати на Ѓоко Поповски и рече:

-Да и пренесете на вашата сопруга да не ги малтретира моите пријатели, зошто кај мене не може никој да ургира за пресуда, рече Кацарска, пренесе Фокус.  на што Поповски само кимнал со главата.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Please follow and like us:

You May Also Like