Катица Јанева се врати на работа и нема добиено покана за распит во ОЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од денеска и официјално е на работа по искористениот годишен одмор. Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет”, информираат од СЈО.

Во дел од снимките за случајот „Рекет“ објавени по медиумите се слуша гласот, најверојатно на Катица Јанева која во разговор со бизнисменот Орце Камчев му вели дека сѐ ќе се среди.

Засега во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои од 15 јули се во 30-дневен притвор.

Јанева во писмена изјава вели дека била злоупотребена и дека во интерес на истрагата повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да издејствува подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало и преку од нив назначени посредници.

„Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители“, вели во изјавата Јанева.

Please follow and like us:

You May Also Like