Катар ќе го напушти ОПЕК

Катарскиот министер за енергија соопшти дека неговата земја сака да ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК. Тоа би требало да се случи веќе во јануари 2019.

Членството на Катар во Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК ќе заврши веќе во јануари 2019 година, најави денеска министерот за енергија на оваа земја, Саад Шерида ал-Каби. Според негови наводи, ОПЕК за одлуката на Катар била информирана непосредно пред таа да биде и јавно соопштена.

Најголемиот светски производител на нафта Саудиска Арабија, како и Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет, во летото 2017-та ги прекинаа своите дипломатски односи со Катар и воведоа сообраќајно и трговско ембарго против оваа држава од Заливот. Тие го обвинуваат Катар дека дава поддршка на „тероризмот“ и негува преблиски односи со шиитски Иран, кој е смртен непријател на Саудиска Арабија. Катар ги отфрла обвинувањата.

You May Also Like