ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Капетан Драган на слобода и протеран од Хрватска

Драган Васиљковиќ познат како капетан Драган, откако ја издржа целата затворска казна, ослободен е и е протеран од Хрватска. На капетан Драган му е забранет влез во земји-членки на Европска Унија во следните 20 години.

Васиљковиќ по 13,5 години утрово е пуштен од затворот Лепоглава. Тој беше осуден за воени злосторства во Книн и во Глина за време на војната во поранешна Југославија.

Во казната затвор на капетан Драган пресметано му е и времето поминато во екстрадициски притвор во Австралија од осум години и девет месци, како и времето поминато во истражниот затвор во Хрватска. Претходно него трипати му беше одбивано барањето за предвремено ослободување.

Капетан Драган, кој има српско и австралиско државјанств, беше уапсен во Австралија, каде живеше под лажно име и беше тренер по голф. Тој беше екстрадиран во Хрватска во 2015 година, а од почетокот ги негираше делата за кој е осуден, тврдејќи дека сведоците давале лажни искази. 

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.