Камчев ги тужи Катица Јанева, син ѝ и обвинителката Стефанова

Бизнисменот Орце Камчев до обвинителството поднел кривична пријава против Катица Јанева, нејзиниот син Лазар и обвинителката Лиле Стефанова. Според пријавата на Камчев, кој е осомничен за перење пари во случајот „Империја“, тројцата создале група која сакала да извлече имотна корист од него. Кривичната на Камчев следува откако обвинителката Лиле Стефанова не се согласи тој да добие нов времен пасош со кој ќе патува на состаноци во Турција и Швајцарија, откако претходниот пасош што го доби од Јанева му истече минатата недела. Јанева е второобвинета во случајот „Рекет“ за изнуда на пари од него.

Please follow and like us:

You May Also Like