КАКО ОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧАРИ МОРА НА МЛАДИТЕ ДА ИМ ПОНУДИМЕ ПРВА ШАНСА ДА УСПЕАТ ДОМА, А НЕ ДА СЕ СЕЛАТ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ ВО НОВИ САД

Претседателот Стево Пендаровски смета дека регионалните лидери, како одговорни политичари, мора на младите да им понудат можност дома да ја имаат првата шанса за да успеат и оти само така ќе има надеж дека младите ќе останат во своите матични земји. Пендровски денеска учествуваше на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад и заедно со претседателите на Словенија и Србија, Борут Пахор и Александар Вучиќ одговараа на прашања од младите за нивната иднина во регионот.

„И за две и за 10 години мислам дека регионот ќе има уште помалку луѓе, генерално млади луѓе, таа бела чума мислам дека ќе нè следи уште долги години. Она што е апсолутно круцијално е дека овие млади луѓе можат да се селат кај сакаат, за подобар живот, за повисоки примања. Но многу е битно ние, како одговорни политичари кои сме овој период на власт, да им понудиме прва шанса да успеат овде. Досега, они немаа прва шанса да успеат во регионот. И ние не можеме да ги кривиме нив, они имаат само еден живот. Сите ние имаме само еден живот. Никој не е луд да го потроши тој еден живот во држава во која ние ќе чекаме да отвориме некое поглавје, држава која преговара не знам колку години со ЕУ. Просечната плата во мојата држава, а слично и во другите држави од регионот, е околу 400 евра. Па и јас кога не би бил претседател, и јас би се селел од мојата земја“, рече Пендаровски на прашањето како ја гледа иднината на регионот на Западен Балкан во следниве 2 години.

Тој смета дека за 10 години од сега, ако земјите од регионот продолжат да ги форсираат регионалните иницијативи, не да ја компензираат ЕУ со членство во неа, туку да бидеат комплементарни на нивните иницијативи, ќе можат многу побрзо да напредуваат.

„Ако се опаметивме после години и години чеање во претсобјето на ЕУ и ако продолжиме да преговараме, апсолутно како приоритет број 1, но ако сè повеќе и повеќе се обидеме да направиме ЕУ во мало на овој западнобалкански простор, јас мислам дека имаме шанси да ги задржиме младите луѓе повеќе и имаме шанса нашите општества стварно да ги промениме, а не само низ тоа бирократско штиклирање на поглавја какви што беа досега преговорите со ЕУ“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека земјите од Западен Балкан имаат структруен проблем, но тоа не се однесува на лошата економска структура ниту на лошата структура на политичките системи, туку на лошата ментална структура, оти сите западнобалкански нации од својата независнот до денес се зависни од меѓународнаа помош и од меѓународната поддршка, пред сè од ЕУ и НАТО.

„Ние од тој менталитет многу тешко се ослободуваме – ако не добиеме поддрша од Брисел ние не знаеме што ќе правиме со себе. До ден денес автономните капацитети, креативност и идеи на локалните луѓе не се искористени ни 10 % во оваа насока. Мојата главна теза е дека нашите општества може да напредуваат со задоволително темпо на прогрес само и само ако ние ги користиме примарно, не исклучиво, домашните ресурси. Ние домашната памет не ја користиме ни оддалеку доволно. За две години, моето предвидување е дека регионот скоро воопшто нема да се разликува од она како изгледа денес, оти овој менталитет не се менува. Почнува да се менува со регионални иницијативи од типот на мини-Шенген и тоа е одлично, но за 2 години ние ќе бидеме тотално зависни од тоа што ќе понуди како концепт за развој ЕУ. Тоа што Македонија не доби датум за преговори е катастрофална вест за регионот, не само за Македонија и тоа е страшен удар за сите еврофили не само во мојата земја туку и во целиот регион“, рече Пендаровски.

Please follow and like us:

You May Also Like