Кавга пред камери на Меј и Јункер

Британската премиерка Тереза Меј пред состанокот на Европскиот Совет имаше кус вербален дуел со претседателто на ЕК , Жан Клод Јункер.

Тереза Меј му префрли на Јункер дека ја нарекол небулозна. Таа е под силен притисок на домашната јавност , па сакаше пред почетокот на состанокот со Јункер да разјасни зошто ден пред тоа ја навредил.

На службеното видео на кое се гледа како тие двајца разговараат пред почетокот на седницата во Брисел , се гледа како Меј нервозно му се обраќа на Јункер , кој ја држи за надлактицата и клима со главата.

Иако не се слуша што зборуваат , ангажираните читачи од уста во Брисел велат дека Меј го прашала Јункер

: ,,Како ме нарече? Ме нарече набулозна , така е.”

На тоа Јункер и одговара: ,, Не , не , не е така, не е така.”

Подоцна на конференцијата за новинари Меј појасни дека коментарот на Јункер за набулозна не и бил упатен нејзе лично , туку на целата расправа која вчера се водела на состанокот на Европскиот Совет.

,,Имав тешка расправа со Жан Клод Јункер. Мислам дека тоа е таков вид на расправа што ја развивате кога имате работни врски и добро соработувате. Се покажа дека Јункер зборувал општо за дебатата кога го употребил тој збор” , изјави Меј

Please follow and like us:

You May Also Like